Тутунарите се опарија

Bez autora
May 11 2011

Околу 25,7 милиони евра вчера легнаа на сметките на над 31.000 тутунопроизводители. Со оваа исплата Владата во целост ја исполни својата обврска кон оваа група земјоделски производители за 2011 година. Најважно е што тутунарите ги добија средствата и ќе можат да ги искористат за следната реколта. Во последниве четири години тутунопроизводителите имаат добиено над 73 милиони евра финансиска поддршка од државата. Тоа е огромна поддршка за тутунопроизводителите која е тешко да се спореди со некој претходен период. Во времето кога СДСМ ги водеше економијата и земјоделството - поддршката изнесуваше нула. Самиот факт дека за 4 години тутунарите добија над 73 милиони евра субвенции од Владата, покажува дека поддршката е голема и како таква ќе продолжи и во иднина.

Тутунарите се опаријаОколу 25,7 милиони евра вчера легнаа на сметките на над 31.000 тутунопроизводители. Како што појасни вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, со оваа исплата Владата во целост ја исполни својата обврска кон оваа група земјоделски производители за 2011 година.

- Најважно е што тутунарите ги добија средствата и ќе можат да ги искористат за следната реколта - напомена Ставрески, кој изнесе податок дека во последниве четири години тутунопроизводителите имаат добиено над 73 милиони евра финансиска поддршка од државата.

Тој рече дека тоа е огромна поддршка за тутунопроизводителите која е тешко да се спореди со некој претходен период.

- Во времето кога СДСМ ги водеше економијата и земјоделството - поддршката изнесуваше нула. Самиот факт дека за 4 години тутунарите добија над 73 милиони евра субвенции од Владата, покажува дека поддршката е голема и како таква ќе продолжи и во иднина - истакна Ставрески.

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, истакна дека изминатиов период беа вложени сериозни напори за откуп на тутунот.

- Од вкупно произведените 25.000 тони тутун непреземени останаа уште 60 тони. Станува збор за производители кои имаат договори со Струмица табак". Доколку од објективни причини не успеле да го продадат родот, тие, во согласност со склучените договори, ќе можат да ги тужат откупувачите - рече Димовски.

Споредено по откупувачи Димовски истакна дека најмногу, или 9,5 милиони килограми, од 11.700 производители има откупено Сокотаб Битола". Алијанса" од Кавадарци откупила 6,1 милиони килограми од преку 8.000 производители, Струмица табак" 5,1 милион килограми од 6.799 производители, Тутунски комбинат" Прилеп 3,66 милиони килограми од 2.701 производител, а.д. Центро табак" од Велес има откупено 1,5 милиони килограми од 2.782 тутунопроизводители, Талија табак" од Делчево има откупено 469.605 килограми од 914 производители, Пашоски тутунски дилер" д.о.о. Скопје има откупено 432.841 килограми тутун од 339 тутунопроизводители и Орбита табак" експорт-импорт од Скопје има откупено 128.143 килограми тутун од 160 тутунари.

Врз основа на просечната откупна цена - 137 денари, за над 95 отсто од тутунот се исплатени 3,615 милијарди денари. Со овие средства и со владините субвенции на трансакциските сметки на тутунарите се префрелни 5,184 милијарди денари или околу 85 милиони евра.

За Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, ланските субвенции за тутунарите се одамна исплатени.

- Исплатите по ланската програма за финансиска поддршка се генерално завршени. Се отворија можностите за исплата на мерките од Програмата за 2011 г. како што е случај со тутунот. Претстои исплатата на субвенциите за млекото и продолжува редоследно како што ќе се исполнуваат законските услови и критериуми - рече Димовски, кој дополни дека останува да се реализираат средствата по основ на цесии кои беа склучени со земјоделците како антикризна мерка во текот на 2010 година, по мерката за откупено грозје од страна на винариите и уште некои помали износи во смисла на докомпелтирање на барањата и теренските контроли кои мора да бидат извршени.

Вкупно 74 барања се доставени за третиот јавен повик за користење средства од ИПАРД програмата 2007-2013, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Според Платежната агенција со повикот што беше објавен на 28 февруари годинава, а заврши на 14 април за кофинансирање беа понудени над 20 милиони евра во денарска противвредност. Од нив 75 отсто се обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД), а 25 проценти се од Буџетот на Република Македонија. Пристигнати се 74 барања со побарувања со вкупна вредност на инвестициите по однос на примените барања изнесува околу 7,3 милиони евра или побаран е износ за кофинансирање од 3,7 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik